Насловна / Вести / „Изуми за вас, прекрасни луѓе“ на Ѓорѓе Јовановиќ

„Изуми за вас, прекрасни луѓе“ на Ѓорѓе Јовановиќ

sizumi-za-vas-prekrasni-lugje

Самостојната изложба на Ѓорѓе Јовановиќ насловена „Изуми за вас, прекрасни луѓе“ ќе биде отворена на 14-ти ноември, во 19 часот во просториите на Мала станица, Скопје. Изложбата е во организација на НУ Музејот на современата уметност – Скопје.

Според кураторот на изложбата Мира Гаќина, Ѓорѓе Јовановиќ со својот најнов проект продолжува да ги истражува формите на социјални структури, создавани во специфичен транзициски период, процес неоправдано долг и длабоко заглавен, со збунувачки идеолошки продукти. „Ново развиениот социјален интегритет обединува елементи кои не ветуваат одржливост на подолг рок. Јовановиќ со еден пристап близок на деконструктивното и преку хумор ја разголува продолжената отуѓувачка моќ на некритички увезениот консумеризам чии крајни резултати се неговиот збунет јунак (случаен casino online минувач – сограѓанин) и амбиентот во којшто се движи“, напиша Гаќина во својот текст.

Ѓорѓе Јовановиќ (Скопје, 1980) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (2003). Има реализирано повеќе проекти во чиј фокус се прашањата за интеграцијата и дезинтеграцијата на современиот човек. Во неговите дела тој ги преиспитува меѓучовечките односи во контекст на општата состојба на редефинирање на универзалните вредности, односот човек-општество и конзумеризмот како клучен фактор на модерниот начин на живот, политиката како фактор на распаѓање на градовите, државите и семејствата. Присутен е и елементот на авто-референцијалноста, како и преиспитувањето на себеси во потесен и поширок контекст на распадот на старите и создавањето на нови вредности. Работи инсталации, перформанси, објекти, видеа, колажи и слики со цел да постигне трансформација на уметничкиот израз и индивидуална експресија, следејќи ја флуидноста на современиот контекст.

Испрати коментар

Scroll To Top