Насловна / Екологија / Глобален „климатски“ пресврт во Пекинг?

Глобален „климатски“ пресврт во Пекинг?

WireAP_3495ba5333654e149ffe567b08a6a64d_16x9_992
САД и Кина неочекувано договорија амбициозни цели за заштита на климата. Претседателите Обама и Ши одлуката ја објавија по билатералните разговори во Пекинг. Двете земји се најголеми емитувачи на штетни гасови.

Според Обама, станува збор за „историска спогодба“ и важен момент во американско-кинеските односи: „Договорот покажува што сè е можно кога заеднички соработуваме во врска со ургентен глобален предизвик“.

До крајот на 2015 година, во Париз на конференција на ОН за климата, треба да биде постигнат нов договор за ограничување на емисијата на стакленички гасови на Земјата за периодот по 2020 година.

Најновата најава од Кина претставува пресврт во нејзиниот став кон еколошките прашања. Земјата е одговорна за 30 проценти од светската емисија на јаглероден диоксид, а сега гради и нови термоцентрали. Но, под притосок на последиците од огромното загадување на воздухот, особено во Пекинг, кинеското раководство сепак е принудено да најде решенија против загадувањето на воздухот.

При стапувањето на функцијата во 2009 година, Обама вети дека САД под негово водство ќе преземат водечка улога во борбата против глобалното загревање. Но, законот за ограничување на емисијата на стакленички гасови во 2010 година доживеа неуспех – американскиот Конгрес не го усвои.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top