Насловна / Арт и дизајн / Конкурс за изработка на мурал на фасадата на КСП Центар – Јадро

Конкурс за изработка на мурал на фасадата на КСП Центар – Јадро

КСП Центар – Јадро од Скопје,  објавува конкурс за изработка на мурал на фасадата на центарот кој треба да биде реализиран во периодот септември-октомври 2021 година.

јј_resize

Зошто мурал?

Со овој отворен конкурс Јадро ја продолжува иницијативата за изработка на темпорални мурали кои ќе бидат изработувани на фасадата на центарот преку кои ќе  се промовира уметноста во јавен простор а  менувањетото на изгледот на фасадата ќе го истакне и промовира отворениот модел на инстиуцијата  како простор во којшто постои плуралност на идеи и изрази.

Насоки за конкурсот:

КСП ЦЕНТАР – ЈАДРО е прв пример на модел на јавно-цивилно партнерство во земјава преку кој сакаат да покажат дека се можни и поинакви начини на дејствување, содружништво и поврзување. Дел од целите на соосновачот, Асоцијацијата Јадро, за формирање на установата од областа на културата КСП Центар-Јадро и нејзиниот простор кој е достапен и отворен за независната културна сцена се учество на заедницата, децентрализација, отвореност за нови социо – културни процеси, взаемна поддршка и солидарност.

ј_resize

Новиoт модел на институцијата е од значење за културниот развој, но и за образованието, развојот на критичката култура и мисла, и новите облици на создавање социо-културни заедници. Оваа институција  претставува пример на концепт за создавање професионална креативна заедница. Ваквиот вид установи на нов начин му пристапуваат на просторот и на начинот на неговото управување, користење и програмско осмислување, разноликост и инклузивност.

Тематски конкурост е отворен, а идејните решенија за муралот треба да ги отсликуваат основните начела/цели врз којшто се темели КСП Центар – Јадро.

Технички податоци:

На конкурсот право на учество имаат сите уметници кои се  државјани или резиденти во Македонија. Уметниците можат да се пријават индивидуално или како групи/колективи.

КСП Центар – Јадро обезбедува средства за материјали за изработка на муралот како и авторски хонорар во износ од 25.000 ден.

Димензиите на  ѕидот се 14х3,5 метри а во прилог ви доставуваме технички цртеж и фотографија од фасадата.

јјј_resize

Планиран период  за  изработка на муралот е во периодот помеѓу  15 септември до 15 октомври.

За изборот ќе одлучува  жири-комисија составена од истакнати професионалци од областа на културата.

Авторот/ите треба да приложат скици за муралот, краток опис за концептот како и кратка биографија  во PDF документ со  максимална големина 10 MB на мејл адресата  centar.jadro@gmail.com, најдоцна до 15 септември 2021 со назнака  Конкурс за изработка на мурал  и податоци за авторот/ите (име, презиме, телефонски број).

За повеќе информации околу конкурсот на адреса: centar.jadro@gmail.com

Испрати коментар

Scroll To Top