Насловна / Ентериери / Комфорен и модерен стан со карактеристични детали

Комфорен и модерен стан со карактеристични детали

Овој стан располага со релативно голем простор и целото негово внатрешно уредување е модерно. Посебен е по многу свои карактеристики, како што се употребата на природни материјали, одличното осветлување, употребата на свежи детали кои му даваат живост на просторот и слично.

1-karakteristicen

Дневниот простор е осмислен како интегриран отворен простор во кој се сместени дневната соба, трпезаријата и кујната. Дневната соба се состои од прекрасна, комотна и „мека“ гарнитура за седење во сива боја, но освежена со жолти и сини детали.

2-karakteristicen

Кујната исто така е карактеристична по својата форма, каде се нагласени поделбите на сегменти и целини, па така секој од сегментите кој има посебна намена е и визуелно одделен од целината.

3-karakteristicen

Чувството на комфор е надополнето со двовисинскиот простор над дневната соба, па така луѓето што престојуваат тука се чувствуваат возвишено и слободно.

4-karakteristicen 5-karakteristicen 6-karakteristicen 7-karakteristicen 8-karakteristicen 9-karakteristicen

 

Испрати коментар

Scroll To Top