Насловна / Вести / Конференција „Енергетиката и Балканот: Транзиција кон обновливи извори и подобрување на енергетските врски“, на 10-ти мај во Белград

Конференција „Енергетиката и Балканот: Транзиција кон обновливи извори и подобрување на енергетските врски“, на 10-ти мај во Белград

Confindustria Est Europa и Confindustria Serbia (Здружение на италијанските стопанственици во Србија) , организираат конференција во Белград, со цел на заинтересираните италијански компании да им ги претстават можностите за вложување во енергетскиот сектор на Балканот, поточно во Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Грција. Конференцијата ќе се одржи на 10-ти мај 2022 година.

serbia1

Моменталната ситуација покажува дека енергетскиот сектор доживува пресврт кој значајно влијае врз компаниите, но истовремено носи и нови можности. Во таа смисла, одлуките на различните земји, како од стратешка така и од политичка перспектива, како и транзицијата кон зелена економија ќе имаат фундаментална улога, обликувајќи ја иднината на целиот регион, деловните прилики и животите на граѓаните. На конференцијата ќе учествуваат претставници на владите од регионот, институциите на Европската Унија надлежни за енергетика, како и енергетски компании кои веќе работат на Балканот и финансиски интитуции. Програмата може да ја погледате ОВДЕ, а пријавувањето е можно ОВДЕ.

serbia2

 

Испрати коментар

Scroll To Top