Насловна / Вести / Конечно е објавен трејлерот за долгоочекуваната GTA6 (ВИДЕО)

Конечно е објавен трејлерот за долгоочекуваната GTA6 (ВИДЕО)

Првите сцени од шестиот дел од серијата GTA конечно се појавија откако протече трејлерот за долгоочекуваното продолжение на една од најпопуларните гејмерски франшизи.

Развојното студио „Rockstar“ објави трејлер за GTA6 на својот официјален канал, 15 часа откако верзија со лош квалитет се појави онлајн.

Трејлерот од 90 секунди потврди дека видео играта ќе биде сместена во Vice City инспириран од Мајами и дека главниот лик ќе биде женски.

Меѓутоа, чекањето не е завршено бидејќи планирано е играта да биде објавена дури во 2025. година.

GTA6 ќе биде продолжение на исклучително популарниот петти дел од франшизата од 2013 година, кој стана втора најпродавана видео игра во историјата, веднаш по Minecraft.

Испрати коментар

Scroll To Top