Насловна / Вести / Компанијата LG се обврза на користење енергија од обновливи извори

Компанијата LG се обврза на користење енергија од обновливи извори

Технолошкиот иноватор и производител на стока за широка потрошувачка  LG Electronics (LG), јавно се обврза дека во целост ќе помине на обновлива енергија до 2050 година, што е клучен дел на компаниската стратегија за одржливост. Ова се надоврзува на претходното ветување на компанијата за постигнување на климатска неутралност до 2030 година, преку иницијативата  Zero Carbon 2030., според која LG се обврза да ја намали емисијата на јаглерод диоксид во производството на 50% во однос на 2017 година. Трансформацијата на работењето ќе се спроведува постепено по региони, почнувајќи од Северна Америка каде во рамките на една година секоја канцеларија и производен погон ќе започне со коистење на енергија од обновливи извори. Планот е и погоните на компанијата надвор од Кореја во следните четири години да заменат 50% од потрошувачката на енергија со енергија од обновливи извори. Остварувањето на оваа цел на глобално ниво ќе бара различни стратешки пристапи, вклучувајќи и поставување на високоефикасни соларни електрани на  LG на зградите, стекнување на сертификат за обновливи извори (Renewable Energy Credit – REC) и учество во програмата Green Premium во Кореја, која ќе и овозможи на компанијата купување на енергија директно од Korea Electric Power Corporationa (KEPCO), за потребите на своите домашни погони и објекти.

lg1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top