Насловна / Вести / Компанијата Daimler стартува со лиценцирање за 3D печатење на резервни делови

Компанијата Daimler стартува со лиценцирање за 3D печатење на резервни делови

Резервните делови за автобусите Mercedes-Benz и Setrа наскоро ќе можат да се произведуваат со т.н адитивна технологија, односно со помош на 3D печатачи, и ќе бидат достапни за сите кои ќе имаат лиценца. Во овој процес кој несомнено е иднината на процесот на одржување на возилата која ќе биде поефикасен и поодржлив, сопствениците на автобуси само ќе треба да набават лиценца и самите да го произведат бараниот дел. Притоа компанијата соопштува дека од јуни годинава, преку овој концепт ќе бидат достапни над 100 резервни делови.

daimler1

daimler2

Daimler Truck, со речиси 100.000 вработени, е еден од најголемите светски производители на камиони и автобуси. 3D печатачите ги изработуваат деловите врз основа на дигитален запис, нанесувајќи слој по слој од материјалот до создавање на бараниот облик. Притоа, се создаваат значително помали количини на отпад отколку при конвенционалното производство, а дополнителна предност е што на овој начин може да се создадат многу комплицирани облици, за кои во класичните технологии на производство се потребни голем број на операции.

daimler3

daimler4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top