Насловна / Вести / Комората на трговски друштва за геодетски работи со значајни активности за своите членови и во 2025 година

Комората на трговски друштва за геодетски работи со значајни активности за своите членови и во 2025 година

Изминатава 2025 година, како и годините претходно, заложбата на Комората е да ги следи најдобрите европски пракси и препораки, а согласно програмата за работа дел од својот буџет го користи наменски за стручно усовршување на своите членки и јакнење на нивните капацитети на најразлични начини, ги поддржува младите стручни лица и прави промоција на струката и дејноста. Покрај останатите и овие активности на Комората се голем успех, земајќи ги предвид нејзините скромни капацитети.

ПОСЕТА НА РЕНОМИРАНИОТ САЕМ ИНТЕРГЕО 2025

Веќе традиционално 4-та година по ред, Комората испрати четири свои претставници на реномираниот саем за геодезија и геоинформатика – ИНТЕРГЕО, што во 2025 година од 7 до 9 октомври се одржа во Франкфурт, НР Германија.

Благодарение на одличната соработка и координација на Комората, со колегите од Советот на геодети на Европа (CLGE), за колегите кои патуваа во организација на Комората, но и оние кои отпатуваа на сопствен трошок, беше овозможена бесплатна влезница на саемот за сите три денови од одржување на настанот.

QGIS-ОБУКИ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА КОМОРАТА

Врз основа на потпишаниот меморандум за соработка со Гео-СЕЕ Институтот од Скопје, во текот на 2025 година, беа продолжени бесплатните обуки на заинтересираните членови на Комората, за користење на светки реномираниот QGIS-софтвер и тоа во почетно и напредно ниво. Обуките кои беа организирани on-line, досега ги завршија вкупно 32 лица, а 20 од нив се стекнаа со државен сертификат за завршена QGIS-обука.

ПОДДРШКА ЗА МЛАДИТЕ СТУДЕНТИ ЗА УЧЕСТВО IGSM ВО РАБАТ, КРАЛСТВО МАРОКО

Комората освен за приватните геодетски фирми, претставува закрила, пружајќи им ветер во грб и на младите студенти по геодезија од Градежниот факултет во Скопје. Како и низ годините претходно и оваа година,

Комората даде финансиска поддршка на двајца помлади колеги за нивно учество на 37-миот Интернационален студентски собир на студенти по геодезија од целиот свет, во периодот од 4 до 10 мај 2025 година во Рабат, а за нивното патување, Комората изработи специјално брендирани кошули и поло маички во боите и логото на Комората.

ОРГАНИЗИРАНО СТРУЧНО ПРЕДАВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНИОТ ГИГАНТ МАПСОФТ БЕЛГРАД

Веќе традиционално, како и претходните години  и на 28 март 2025 година, врз основа на договорената соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери и со Сојузот на геодети на Србија беше организирано заедничко стручно предавање од страна на водечкиот регионален експерт во областа на иновативни технологии за прибирање на 3Д просторни податоци MAPSOFT DOO Belgrade, под наслов „Иновативни технологии за прибирање на 3Д просторни податоци, потребни при изработка на инфраструктурни проекти и дигитални близнаци“, наменето за сите геодетски инженери, градежни инженери, ахитекти – урбанисти и останати инженери.

Настанот кој беше одржан во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, дополнително оваа година беше поддржан и од страна на ДРУШТВОТО ЗА ПАТИШТА НА РМ.

ПРВО ОРГАНИЗИРАНО УЧЕСТВО НА WIZZ AIR СКОПСКИОТ МАРАТОН

За прв пат Комората, покрена иницијатива и ги организираше своите членки за тимско учество на Скопскиот маратон, кој  се одржа на 5 октомври 2025 година. Комплетните трошоци за учество на маратонот беа на товар на Комората, а за сите учесници беа изработени и наменски дресови со ознаки на Комората. Дополнително преку вака изработените дресови, беше најавена општествената кампања која во периодот што следува ќе биде промовирана од страна на Комората.

Испрати коментар

Scroll To Top