Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) ги известува своите членови дека едногласно беше поддржана кандидатурата на авторскиот тим проф. д-р Минас Бакалчев и проф. д-р Митко Хаџи Пуља, од страна на комисијата одредена за доделување на авторскиот тим проф. д-р Минас Бакалчев и проф. д-р Митко Хаџи Пуља

Комисијата работеше во полн состав и тоа:
- Стеван Смилевски Кокан, диа, претседател
- Проф. д-р Влатко Коробар, диа, член
- Проф. д-р Зорица Блажевска, диа, член
- Проф. д-р Мишко Ралев, диа, член
- Александар Наумовски, диа, член
Управниот одбор на ААМ на званичен состанок во декември 2025 година, исто така едногласно ја поддржа и верификува предлог-одлуката на комисијата, дека добитници на наградата за животно дело од областа на архитектурата и градителството „Андреја Дамјанов” за 2025 година се професорите Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља.
Претстои уште свеченото прогласување на професорите за лауреати на наградата „Андреја Дамјанов” за 2025 година во МАНУ, но терминот дополнително ќе биде соопштен.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија