Насловна / Вести / Комерцијална банка: Најдоброто решение за нов дом

Комерцијална банка: Најдоброто решение за нов дом

Станбен кредит од Комерцијална банка со најповолни услови на пазарот

Станбениот кредит на Комерцијална банка, добро познат по тоа што е со најниски каматни стапки на пазарот, доби уште повеќе поволности  – достапен е со полиса за животно осигурување и до 30.04.2022 година е без надомест за одобрување и за процена на имот.

Во животот постојат многу значајни моменти кога треба да се направи вистински избор и да се донесе важна одлука. Животот не би бил забавен без овие моменти, а воопшто не би бил лесен доколку при изборот немате партнер кој секогаш ви нуди најдобри решенија за вашите потреби.

Комерцијална банка, традиционално најверниот партнер на граѓаните кога одлучуваат да си обезбедат нов дом, се погрижи и оваа пролет да им понуди станбен кредит со уште поатрактивни услови. Сега желбата за сопствен простор и лична слобода е лесно остварлива. Доколку имате потреба од купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, купување градежно земјиште или недвижен имот во земјава или во странство, ова е кредитот за вас. Станбениот кредит на Комерцијална банка, добро познат по тоа што е со најниски каматни стапки на пазарот, доби уште повеќе поволности  – достапен е со и без полиса за животно осигурување и до 30.04.2022 година е без надомест за одобрување и за процена на имот.

ATM-STANBEN_resize

Полисата за животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје дава уникатна можност за станбен кредит со каматни стапки од само 2,9%, фиксна во првите 10 години, и 3,7% променлива за останатиот период на отплата. Рокот за отплата на кредитот е до 30 години, со можност за грејс-период од 12 месеци.

Водени од грижата на нашите клиенти да им обезбедиме не само можност за финансирање на нивната инвестиција во нов дом, туку и решение кое ќе одговара на нивните специфични потреби и кое ќе им овозможи преку полиса за животно осигурување да се растоварат од грижите за финансиската иднина на своето семејство, креиравме продукт кој претставува комплетно решение кога се купува стан, куќа или деловен простор во земјава или во странство.

„Станбениот кредит на Комерцијална банка има неколку специфични моменти, во чија основа стојат токму грижата за финансиската добробит на корисниците и нашата цел да им овозможиме кредитни услови кои ќе се поклопат со нивните специфични можности и потреби. Најниските каматни стапки и полисата за животно осигурување го обезбедуваат токму тоа. Корисникот добива кредит со најповолни услови и и сигурност за него и за неговото семејство. Во неизвесни економски услови, со кои светот се соочува веќе трета година по ред, сигурноста и поволните услови што ги нуди Комерцијална банка за корисниците на станбен кредит се повеќе од значајни. Тоа, пак, резултира со голема побарувачка за овој кредит“, објаснуваат од Комерцијална банка.

Промотивните услови до 30.04.2022 година се одлична можност и за рефинансирање постоечки станбен кредит со цел истиот да се обезбеди со полиса за животно осигурување.

Сите детали и информации за станбениот кредит се достапни на веб-страницата kb.mk на Комерцијална банка, преку која може да поднесете и податоци за условите кои вам најмногу ви одговараат. Со тоа Банката ви овозможува за кратко време да добиете повратен одговор за вашата инвестиција во нов дом, која ви обезбедува не само слобода, туку и финансиска безгрижност за вас и за вашето семејство.

кбб_resize

Комерцијален текст

Испрати коментар

Scroll To Top