Насловна / Вести / Колку компании останале а колку ја напуштиле Русија?

Колку компании останале а колку ја напуштиле Русија?

Според податоците на Киевската школа за економија, кои ги пренесува Financial Times, од 2022 година во Русија останале да работат повеќе од 2000 транснационални компании, додека околу 1600 компании го напуштиле рускиот пазар. Иако многу компании набрзо после почетокот на војната ветиле дека ќе ги запрат своите активности, Русија постепено ја зголемувала цената на „корпоративното заминување“.

Француската компанија Air Liquide, еден од најголемите светски производители на технички гасови, и натаму работи во Русија. Компанијата Coca Cola, престана со испорака на своите сирупи за безалкохолни пијалоци во Русија, но наместо неа со оваа испорака сега се занимава Coca-Cola Hellenic, која ја формирала  Multon Partners, фирма во која влегува и Dobry Cola, бренд со ново име и со стариот вкус на познатиот пијалок.

Испрати коментар

Scroll To Top