Насловна / Вести / Коктел бар на Црвениот плоштад во Москва

Коктел бар на Црвениот плоштад во Москва

Повеќе од 2.000 сијалици со потенциометар и ткаенина идеална за правење селфи го исполнуваат ентериерот на новиот коктел бар на Црвениот плоштад во Москва.

2
Сместен внатре во славниот ГУМ, трговски центар од 19. век, барот Мишка Боско е роновиран по проект на Sundukovy Sisters, московско биро кое го раководат сестрите близначки Ирина и Олга Сундукови. Дуото сакало да креира современ простор, кој е омаж на оригиналните гипсани детали на ѕидовите и плафоните на овој ентериер.

6
„Моравме внимателно да го пополнуваме овој простор, што беше од клучно значење, за да не ги засениме неговите ѕидови, туку да ги прочистиме. Се одлучивме за минимализам со експресивни детали, кои овој простор го поврзаа со единственото историско наследство“.

4

5
Барот се состои од серија простори поврзани со големи, декоративни, гипсани лачни пролази. Проектантскиот тим одлучил гипсот да го остави таков каков е, а да креираат контраст со останатите материјали користени во просторот, како што се мермерните површини на масите, декоративен дрвен фурнир и полиран нерѓосувачки челик.

3
На самиот влез, поставен на централна позиција е рефлектирачки блок за седење со скалеста форма од нерѓосувачки челик. Аранжиран е во стил на зигурат, со стеснување кон врвот на структурата и е инспириран од мавзолејот на Ленин кој се наоѓа на Црвениот плоштад. Блокот е наменет за седење во текот на денот, а во ноќните часови ја превземеа улогата на подиум за танцување.

Screenshot_1
Просторот е театрално осветлен со рефлектори, како и со редици сијалици со потенциометар, кои ги красат грандиозните лачни пролази и столбовите. „Централна врска меѓу надворешниот и внатрешниот свет се 2.500 сијалици, кои ја рефлектираат фасадната илуминација на ГУМ. Величенствено видливи од надвор, овие елементи ги привлекуваат гостите со својот комфор во тек на вечерните часови“, објаснуваат близначките.

1
Рефлектирачки материјал, кој се менува во бои на виножито го акцентрира долниот дел на барот и аглите. „Кога овој ефект ќе се види на камера, селфија се прават во недоглед, што гарантира интересирање кое ќе се добие преку социјалните мрежи“, додаваат сестрите.

7
Како контраст на минималистичките парчиња мебел и рефлектирачките елементи, архитектите одбрале големи старински маси и лустери во контекст на историскиот објект.

8

Испрати коментар

Scroll To Top