Насловна / Вести / Кој ги руши гасоводите?

Кој ги руши гасоводите?

Лидерите и претставниците на најголемите светски енергетски компании, како и водечките експерти во индустријата, разговараат за иднината на руската нафтена и енергетска индустрија и меѓународната соработка и развој на „Руската енергетска недела“.

Рускиот претседател Владимир Путин беше категоричен во своето обраќање на меѓународниот форум велејќи дека Русија нема да работи против здравиот разум и на своја сметка да обезбеди благосостојба на другите. Кој ќе ги ограничи цените на нафтата нема да добие руски енергетски производи, наведува Путин.

1_resize

Тој рече дека Русија отсекогаш била доверлив партнер и ги исполнувала своите обврски, поради што се разликува од западните земји кои одбиле да ги исполнат своите обврски од претходно потпишаните договори. ЕУ воведе „плафон“ за цената на нафтата, кој треба да стапи на сила на 5 декември.

Исто така се говореше и за експлозиите на гасоводите. „Експлозиите во Северен тек, без сомнение, се акти на меѓународен тероризам“, рече рускиот претседател за време на неговиот говор. Додаде дека целта на терористичкиот напад на гасоводите е блокирање на енергетската безбедност на целиот континент со блокирање на изворите на евтина енергија. Според Путин, вака конкурентите ги принудуваат Европејаните да купуваат енергија по високи цени.

2_resize

Претседателот на Русија најави дека гасоводите „Северен тек“ ќе бидат поправени доколку нивната понатамошна експлоатација биде рентабилна.

„Можно е да се поправат гасоводите на дното на Балтичкото море, но тоа има смисла само доколку нивната понатамошна експлоатација е економски оправдана“, нагласи Путин.

Тој оцени дека зад саботажата на „Северен тек“ стојат оние кои сакаат да ги прекинат врските меѓу Европа и Русија. Рускиот претседател верува дека САД можеби се обидуваат да ја натераат Европа да купи американски течен природен гас.

Во понеделникот „Гаспром“ и руската агенцијата ТАСС објавија фотографија од подводен дрон на НАТО, снимена на 6. ноемвра 2015. година на цевикете на Северен тек.

IMG_20221013_113030_789_resize

Русија уште во 2015 година го обвини НАТО дека се обидел да го минира гасоводот Северен тек.

НАТО тогаш соопшти дека Сифокс, подводен дрон „Морска лисица“, „залутал за време на обука“. Обука е кога експлозивната направа ќе заврши токму над гасоводот кој ја снабдува половина Европа со гас!?

Официјалниот претставник на „Гаспром“, Сергеј Купријанов, излезе во јавноста соопштувајќи дека диверзијата на НАТО спроведена на четири места на гасоводите Северен тек 1 и 2, од 26 септември годинава, не е прв ваков обид и дека се случило слично на 6. ноември 2015 година за која пишувалаа поголемиот дел од светските медиуми.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top