Насловна / Вести / Кои се наследниците на Concorde?

Кои се наследниците на Concorde?

Ако му се верува на производителот на авиони Aerion со седиште на Флорида, до крајот на деценијата ќе може да се лета од Лос Анџелес до Токио за помалку од три часа.  Aerion AS3  е комерцијален авион, кој според најавите ќе мже да превезува 50 патници, со домет од 7.000 наутички милји. „Нашата визија е да изградиме иднина во која човештвото ќе може да патува помеѓу било кои две точки на планетата во рок од три часа“, велат од Aerion.

aerion1

Претходно годинава, Aerion го прошири своето долгогодишно партнерство со истражувачкиот центар Langley Research Center, кој го води NASA, со посебен фокус на комерцијалните летови, брзини од  2.300 дo 3.800 милји на час (3.700 дo 6.200km/h). Тоа е до седум пати побрзо од обичен патнички авион на долгите летови. Работите на концептуализација и дизајн во моментот се во тек, а повеќе детали ќе бидат објавени подоцна во текот на оваа година. AS3 е вториот авион од семејството на млазни авиони на Aerion кој привлекува огромно интересирање во јавноста, а постојат и идни планови за хибридно-електрични суперсонични авиони. AS2, кој ветува лет од Њујорк до Лондон за 4,5 часа, е кандидатот на Aerion за прв патнички суперсоничен авион кој ќе биде во комерцијална употреба после цели 50 години. Последниот суперсоничен патнички авион беше францускиот Concorde, кој с еповлече од сообраќај пред повеќе од 17 години. Иако тој беше инженерско чудо, продуцираше големи трошоци за гориво, како и огромно негативно влијание врз животната средина. Амбициите на Aerion се да направат ефикасен суперсоничен авион со минимално негативно влијание врж животната средина. „Светот едвај чека до 2050 да стане јаглеродно неутрален. Мораме ова да го сториме веќе денес“, велат од  Aerion.

aerion2

aerion3

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top