Насловна / Вести / Цените на електричната енергија ќе паѓаат дури по 2023 година

Цените на електричната енергија ќе паѓаат дури по 2023 година

Се проценува дека европските цени на електричната енергија ќе се задржат на монемталното ниво до 2023 година,  а потоа ќе опаѓаат, констатира S&P Global Platts Analytics. Од 2024 година се предвидува пад на цените, бидејќи со зголемувањето на уделот на обновливите извори на енергија ќе се компензира затворањето на нуклеарките и термоцентралите на јаглен, а се смета и на пад на цената на природниот гас.

Во новата петгодишна прогноза, Platts Analytics наведува дека годишните просечни цени на енергијата ќе достигнат максимум во 2023 година, а се смета и на голем раст на произведената енергија од ветер и Сонце за 50% до 2026 година. Хибридните капацитети од ветер и фотоволтаици ќе се зголемат за 178 GW до 2026 година во Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Шпанија, како и во Португалија, Австрија, Швајцарија, Белгија и Хландија.

Нуклеарните капацитети во Европа би требало да се намалат за 17 GW во однос на 2020 година, додека капацитетите на термоцентралите на јаглен за дури за 29 GW.

S and P Global Platts

Испрати коментар

Scroll To Top