Насловна / Архитектура / КОАИ: Обука за практична примена на Ценовникот наменета за даватели на инженерски услуги

КОАИ: Обука за практична примена на Ценовникот наменета за даватели на инженерски услуги

Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ, ги поканува своите членови да бидат дел од планираната обука за примена на Ценовник за висината на минималиот надомест на инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбата, објавен на 01.12.2022 година во Службен весник на РСМ и дополнет со  Анексот кон Ценовникот, објавен на 13.02.2023 година во Службен весник на РСМ.

Во изминатиот период од неполна година, очекувано беше да се појават прашања, дилеми и различни толкувања во начинот на кој треба да се пресметува инженерската услуга во областа виоскоградба. Токму затоа во годишната програма на КОАИ за 2023 година, планирани се обуки за примена на Ценовникот за сите инволвирани страни Договорни органи – Инвеститори – од Јавен и Приватен сектор и даватели на инженерските услуги.

кп

Со цел да излеземе во пресрет на сите засегнати страни, од страна на Комората на овластени архитекти и инженери се организира обука за практична примена на Ценовникот за инженерски услуги.

Обуката е наменета за Даватели на инженерските услуги – членови на КОАИ, а со цел да даде појаснување на следните точки:

  • Изготвување на понуди за Тендерски постапки и понуди без тендерска постапки со примена /почитување на Ценовникот за инженерски услуги,
  • Предлози за дополна, надградба и корекција на Ценовникот врз основ на досегашното искуство и
  • Механизам за негова применливост и контрола

Агенда:

ag

Информации за настанот:

Дата и час: сабота, 28 октомври 2023 година, во 10 часот

Место на настанот: Комора на овластени архитекти и овластени инженери

Број на слободни места: 100

Краен рок за пријавување: 26 октомври 2023 година

ВАЖНО: Регистрацијата се врши преку веб страната на Комората на линкот > РЕГИСТРАЦИЈА ТУКА

Испрати коментар

Scroll To Top