Насловна / Ентериери / Класичен њујоршки гламур со елементи од индустриски дизајн

Класичен њујоршки гламур со елементи од индустриски дизајн

Фантастичниот стан што сте во можност да го погледнете, се наоѓа во Њујорк, поточно во Бруклин.bruklin-glamur-7

Овој стан е олицетворение на класичниот њујоршки гламур, а се карактеризира со високи тавани, големи прозорци кои пропуштаат доволно светлина, богатo осветлување и совршено избрани детали.bruklin-glamur-6

Дизајнот на ентериерот има доста елементи од индустрискиот дизајн кој доминира во последните неколку години на архитектонската сцена. Внимателно одбраните детали за овој стан го рефлектираат уметничкиот дух на Њујорк.

bruklin-glamur-11

Материјалот кадифе како ултимативен тренд оваа сезона, доминира во дневната соба во којашто централен мебел е, секако, тренди кадифениот металик сив кауч.bruklin-glamur-1

Комбинацијата на ретро кожните столици со бушавите крзнени потпирачи, како и мноштвото на ексцентрични светилки и слики кои ги красат ѕидовите на овој ентериер, даваат посебен печат на овој простор.bruklin-glamur-11 bruklin-glamur-10 bruklin-glamur-9 bruklin-glamur-8 bruklin-glamur-5 bruklin-glamur-4 bruklin-glamur-2 bruklin-glamur-3

Испрати коментар

Scroll To Top