Насловна / Вести / Ќе се реконструира Клиничката болница во Битола

Ќе се реконструира Клиничката болница во Битола

bitola bolnica

Над 90 милиони денари ќе одвои Министерството за здравство, за реконструкција на објектите во Клиничката болница во Битола во првата фаза, а средствата се обезбедени од заштедите во тендерите. Менаџментот на битолската болница целосно ги има скенирано потребите и приоритетите, а во тек е постапка за изработка на техничка програма и подготовка на тендерската постапка, што ќе следи во реализацијата на оваа капитална инвестиција.

„Опфаќа комплетна промена на надворешната дограма и столарија, на дел и од внатрешните, изолација по енергетски ефикасните стандарди на фасадата, промена на крововите на целиот објект, лифтовите што не функционираат и плус дава лифтови од надворешниот дел на Болницата, за отстранување на комуналниот и медицинскиот отпад“ изјави на пресот д-р Василие Најдовски, директор на Клиничката болница во Битола.

Според финалните идеи за енергетската ефикасност, во Болницата ќе се користат технолошка вода  и енергија од обновливи извори. Овие зафати ќе следат во втората и третата  инвестициска фаза, а според грубите математики, зафатот ќе чини над три милиони евра, но енергетските заштеди годишно ќе изнесуваат до 400 илјади евра.

Испрати коментар

Scroll To Top