Насловна / Вести / Изложба „Покуќнински предмети од стакло и порцелан 20 век“ во Куманово

Изложба „Покуќнински предмети од стакло и порцелан 20 век“ во Куманово

kumanovo izlozba

Вечер (23 јануари) во Уметничката галерија на Музејот во Куманово во 19 часот ќе биде отворена изложба „Покуќнински предмети од стакло и порцелан 20 век“.

Етнолошкото одделение при Музејот од Куманово, преку изложбата има за цел да ги презентира предметите од стакло и порцелан, кои се дел од материјалното културно наследство на Куманово од почетокот на 20-ти век.

Сите предмети се од разни европски центри, но се откупувани од Србија и Грција од побогатите градски семејства од Куманово во почетокот нa 20 век.

На изложбата амбиентално и во витрини ќе бидат претставени 100- тина експонати од стакло и порцелан.

Автор на изложбата е кустос- советник Милица Пешевска – Николовска. Изложбата ќе ја отвори Анита Цветановска – директор на Национална Установа Музеј од Куманово.

Испрати коментар

Scroll To Top