Насловна / Вести / Отворена галерија за промоција на археолошки, културни и етнолошки обележја во Виница

Отворена галерија за промоција на археолошки, културни и етнолошки обележја во Виница

vinica galerija

Некогашната „Турска бања“ во Виница која претставуваше нефункционален објект во распаѓање, прерасна во галерија во која ќе бидат промовирани археолошки, културни и етнолошки обележја на регионот.
Галеријата е отворена со средства од Министерството за локална самоуправа и Општина Виница во вредност од 3,5 милиони денари.vinica galerija (2)
За општина Виница, истакна градоначалникот Емил Дончев, ова е уште еден објект во кој ќе може да се презентира богатото културно наследство на овој крај и пошироко.
„Во објектот кој ќе претставува мултифункционален центар на приземјето ќе биде сместена галерија и пулт за видео надзор на Виничкото кале ,а на катот се наоѓа сала за состаноци,семинари и работилници, како и две соби за сместување на гости“, изјави Емил Дончев, градоначалник на општина Виница.
Инаку, ова е првата фаза од реализацијата на овој проект. Во втората фаза ќе се пристапи кон партерно уредување на објектот, за чие уредување финансиските средства ќе ги обезбеди општина Виница.

Испрати коментар

Scroll To Top