Насловна / Архитектура / Ќе се проширува New Museum во Њујорк

Ќе се проширува New Museum во Њујорк

Познатиот New Museum во Њујорк наскоро ќе се прошири и во друга зграда, според проектот на познатото архитектонско биро ОМА.

Новиот музеј во Њујорк е добро познат градски музеј чија зграда е препознатлива по едреникот во целосна големина, а кој е закачен на фасадата. Сепак, бидејќи постоечкиот музејски простор не е доволен за нови проекти, донесена е одлука за проширување на музејот со изградба на нова зграда веднаш до постоечката. Она што како прашање се поставува е дали да се ангажира истото биро што ја има проектирано и првата зграда или пак да се донесе храбра одлука и да се додели проектирањето на друго архитектонско биро. Одлуката е донесена тоа да биде истото биро.

Nujork

Новата седумкатна зграда дизајнирана од реномираната ОМА, во соработка со Cooper Robertson, ќе биде изградена веднаш до постојниот објект дизајниран од страна на не помалку реномираното јапонско биро SANAA. Зградата ќе се прошири на 5.500 квадратни метри, каде на три ката ќе бидат галерии, додека другите простории ќе бидат организирани за одржување на бројни образовни програми, но исто така ќе се овозможи зголемување на просторот за постојните јавни објекти. Новата структура е дизајнирана да го почитува интегритетот на постојниот објект, истовремено истакнувајќи го својот сопствен идентитет.

Презентираниот објект ќе го надополни постојниото, кој е изграден пред 12 години, со цел да обезбеди дополнителен простор за програмски содржини.

Nujork1

Со цел да се подобри ефикасноста на музејот, и просторно и финансиски, новиот објект ќе има подобра вертикална циркулација благодарение на атриумското скалило, но исто така и подобар поглед на внатрешноста.

Новиот и стариот објект сигурно ќе функционираат и просторно и програмски во тандем. Новата зграда ќе го прошири постојниот изложбен простор во хоризонтална насока, а вертикалната циркулација ќе биде визуелно нагласена преку проѕирна фасада.

Nujork2

Користејќи ламинирано стакло во комбинација со метална решетка, фасадата на новиот објект соодветно ќе се вклопи во фасадата на постојниот музеј, и практично ќе ја надополнува, а на минувачите по улица ќе им нуди поголема транспарентност на ентериерот. На овој начин, новиот објект ќе комуницира со јавноста и ќе ги кани минувачите во внатрешноста.

Почетокот на изградбата на втората зграда на музејот се уште не најавен, но ќе биде интересно да се забележи како овие две згради ќе работат заедно.

Nujork3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top