Насловна / Вести / Ќе се мери квалитетот на воздухот во Општина Кисела Вода

Ќе се мери квалитетот на воздухот во Општина Кисела Вода

Мерна станица за квалитет на амбиентен воздух е поставена во паркот Македонија, веднаш до Домот на Култура во Општина Кисела Вода. Преку заедничка соработка на Општина Кисела Вода и Градот Скопје, жителите на овој дел од градот, за прв пат добија инструмент со кој се мери состојбата на воздухот.

258104460_859700101371674_3119370619293537347_n

Се мери концентрација на PM10, NO2, SO2, CO како и температура, влажност на воздух и брзина на ветар и истите се ажурираат на секои пет минути. Аирпоинтерот поседува и дисплеј што овозможува резултатите од мерењето да бидат видливи во секој момент. Истите резултати се достапни и на официјалната веб страна на Општина Кисела Вода, како и на порталот на Град Скопје.

Се очекува во наредниот период вакви мерни станици ќе се постават околу сите големи загадувачи во Општината.

258525307_877577642958143_4972875267343533689_n

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top