Насловна / Вести / Ќе се гради споменикот на Мајка Тереза на скопскиот плоштад

Ќе се гради споменикот на Мајка Тереза на скопскиот плоштад

majka tereza spomenik

Скопски „Бетон“ за 5,6 милиони евра ќе го гради новиот споменик-фонтана во чест на Мајка Тереза на плоштадот во Скопје. Тоа е исходот од електронската аукција за избор на изведувач на кој учествуваа „Бетон“ и „Урбан инвест“ од Кавадарци, чии првични понуди изнесуваа осум милиони евра, односно 6,2 милиони евра.

Изгледот на новиот објект, министерството за култура го опиша како: две независни композиции, односно две површини за градење и тоа: портал украсен со богата релјефна пластика во бел мермер на која се поставени бронзени скулптури и неколку скулптурални композиции од бел мермер, позиционирани на карпест дел обложен со травертин збогатен со водени слапови кои даваат ефект на водопади.

Министерството склучило договор и со Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии кои ќе вршат стручен надзор над изведување на работите на објектот.

Предвидено е фонтаната да биде изградена во рок од три години, а градежните работи ќе започнат наесен.

Испрати коментар

Scroll To Top