Насловна / Вести / Чамец од пластични шишиња – ефтин и безбеден

Чамец од пластични шишиња – ефтин и безбеден

Camec od plasticni sisinja

Вајо Каблиновиќ од Ваљево, Србија дошол на идеја да го искористи отпадот во вид на пластични шишиња за да создаде нешто корисно. И направил чамец. За тоа му биле потребни 300 пластични шишиња и алуминиумска конструкција. Пловилото е испитано, а како изгледа пловењето можете да погледата од видеото во прилог(https://www.youtube.com/watch?v=L1Jb3S8Ul5M). Шишињата се зацврстени со челична сајла и меѓу себе и за конструкцијата. Чамецот не е можно да потоне во случај на превртување. Погоден е за риболов, бидејќи има доволно простор за опремата.

Еве ги и техничките податоци:

должина . . . . .310 cm;

широчина. . . . .90 cm;

височина на подот. . . .20 cm;

длабочина во внатрешниот дел. . . .35 cm;

вкупна маса. . . .23 kg.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top