Насловна / Архитектура / Удобен живот под песочните дини

Удобен живот под песочните дини

pod zemja zivot avstralija (6)

Австралиското студио Luigi Roselli Architects дизајнираше станбени единици во низа наречена Great Wall of WA, сместени под песочните дини.

Кривулестиот ѕид во должина од 230 метри е единствената фасада на дванаесетте станови кои се вкопани во земја.

Околната земја во која се сместени становите и ѕидот од набиена земја со дебелина од 45 сантиметри, обезбедуваат пријатна температура во внатрешноста, бидејќи во ова австралиско место владее суптропска клима.pod zemja zivot avstralija

Масивниот ѕид кој доминира со овој објект е изграден од локални материјали. Покрај челичната конструкција, користена е песочна глина карактеристична за оваа област, и чакал извлечен од локалните реки.pod zemja zivot avstralija (2)

Овие сместувачки единици, како со нивниот дизајн така и со материјалите, претставуваат нов пристап во градењето објекти во северозападниот дел на Австралија.

pod zemja zivot avstralija (3)

Архитектите сакале да ги истакнат погодностите за градење што ги обезбедува оваа област, укажувајќи дека материјалите треба само да се прилагодат и да се искористат најдобрите од нив.pod zemja zivot avstralija (5) pod zemja zivot avstralija (4)

Испрати коментар

Scroll To Top