Насловна / Вести / Ќе се гради најмодерниот ски-центар на Балканот на Шар Планина од страна на Косово

Ќе се гради најмодерниот ски-центар на Балканот на Шар Планина од страна на Косово

kosovo skijali[te

Речиси 410 милиони евра ќе вложи Косово во изградба на ски-центарот Брезовица на Шар Планина, со што ова ќе стане најмодерен ски-центар на Балканот. Овој ски-центар се наоѓа на северозападната страна на Шар Планина, на околу 60 километри од Приштина, на надморска висина од 900 до 2.500 метри, пишува турската агенција Анадолија.

Предвидена е изградба на повеќе од 100 километри ски-патеки, 35 патеки во првата и 25 во втората фаза, речиси 20 ски лифтови и останата инфраструктура потребна за модерен туризам. Изградбата ќе започне на лето и ќе трае цели 18 години, поделена во три етапи.

Брезовица е издадена под концесија на 99 години. Во првата фаза се очекува комплетно реновирање на постоечкиот ски-центар, ќе се отстранат сите стари објекти за да се изградат нови, ќе започне изградба на туристичко село со хотели, ресторани и пропратни објекти, а ќе се гради и Аква парк, кој е составен дел на проектот.

Оваа фаза ќе трае три години, а за тоа време ќе се работи и на проширување на патиштата, изградба на паркинзи, набавка на машини за вештачки снег. Во ова ќе бидат вложени 165 милиони евра, а првите жичарници и ски патеки ќе бидат пуштени во употреба на почетокот на 2016 година.

Косовските власти очекуваат инвестицијата во Брезовица да отвори 3.000 работни места, од кои повеќе од 920 ќе бидат директно вклучени во туристичкиот центар. Процедурата за подготовка на документацијата и изборот на адекватен инвеститор траела неколкку години. Во овој туристички центар не е вложувано ништо од 1999 година. Приватизацијата досега ја попречуваше и спор околу сопствениста над имотот, затоа што српската Влада тврди дека полага право на сопственост врз имотот на општественото претпријатие „Инекс ски центар“ – Брезовица.

Затоа, косовската Влада била принудена наместо за продажба, да се одлучи за издавање на имотот под концесија.

Испрати коментар

Scroll To Top