Насловна / Вести / Електронско бирање на идејно решение за уредување на пет плажи

Електронско бирање на идејно решение за уредување на пет плажи

ohrid_3

Граѓаните во наредните десеттина дена по пат на електронско гласање на веб-страницата на Министерството за транспорт и врски www.mtc.gov.mk ќе можат да учествуваат во изборот на најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на пет плажи на Охридско Езеро.
Станува збор за четири идејни решенија за уредување на пет нови плажи, долж крајбрежјето на Охридско Езеро и тоа плажа од 120 метри во населеното место Далјан, плажа од 120 метри во близина на Извидничкиот камп, плажа долга 700 метри на потегот од Студеничкото блато до хотел Парк, плажа од 500 метри во Љубаништа и плажа со должина од 120 метри во Лагадин. Едно од идејните решенија предвидува унифициран изглед за сите пет плажи, а останатите три посебен изглед за секоја од плажите.

ohrid_2
По завршувањето на електронската анкета жири-комисија составена од стручен тим од Министерството за транспорт и врски, врз основа на критериумите од тендерската документација, ќе ги избере идејните решенија за плажите, ќе донесе решение за доделување на награди, како и за откуп на останатите идејни решенија, по што ќе се објави повик за изготвување на проектната документација. Потоа ќе биде избран изведувач на проектите, а откао плажите ќе бидат готови Министерството за транспорт и врски ќе и ги предаде на општина Охрид.
Предвидено е планираната песочна површина да биде од соодветен автохтон песок од регионот, притоа да се почитува постојното зеленило и да се дооформи со автохтони видови, хортикултурно и партерно да се уреди со поставување на клупи, фонтани за питка вода, детски игралишта, пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали.

ohrid_1
Покрај тоа, се предвидува и изградба на сервисен пункт што треба да се состои од шанк со кабина за музика, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви (согласно правилникот за минимално-техничките услови за вршење угостителска дејност), соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити.
Понатаму, да се обезбеди простор за чадори за сонце и лежалки, на капалиштата да биде обележан просторот за капење во езерото со бови, заради заштита на капачите од пловни објекти, како и предвидено место за службата за спасување, места за информативни паноа, бежичен интернет и слично.

Испрати коментар

Scroll To Top