Насловна / Вести / Охрид објави два конкурси за партерно и хортикултурно уредување на булеварот „Туристичка“

Охрид објави два конкурси за партерно и хортикултурно уредување на булеварот „Туристичка“

bulevar turisti;ka

Општина Охрид објави два Јавни конкурси, за идејни решенија за партерно и хортикултурно уредување на кружните текови и тротоарите што ќе го сменат изгледот на главната улица во градот – булеварот „Туристичка“.

Првиот конкурс се однесува на идејно решение за уредување на  кружните текови на пресеците на „Туристичка“ со улиците ,,Јане Сандански”, „Македонски Просветители”, „Абас Емин”, „Стив Наумов” и ,,Бистрица”.

Од изработувачот на идејното решение се бара во среднината на кружниот тек да прикаже зелена паркова содржина збогатена со одредени изработки автентични за градот Охрид. Треба да бидат со висина која нема да ја загрозува безбедноста на сообраќајот и треба да бидат осветлени со модерни енергетски ефикасни светилки, со цел подобро осветлување и засјајување на просторот. Со решението треба да се постигне безбеден сообраќај на пешаците и создавање модерен булевар привлечен за граѓаните и туристите.

Во вториот Јавен конкурс за изработка на идејното решение за уредување на тротоарите пишува дека треба да придонесе за создавање на булевар кој со својот сјај ќе овозможи поголема и поквалитетна туристичката понуда на градот, а вооедно на граѓаните и туристите ќе им обезбеди зголемена безбедност при рекреацијата.

– Со нивна изградба ќе се создаде подобра сообраќајна слика и поголема сообраќајна безбедност. Во изготвеното идејно решение покрај приказот на велосипедските и пешачките патеки на предметната локација треба да се даде приказ и на зеленило кое ќе даде освежување на просторот. Идејното архитектонско решение треба да ја опфати делницата на булевар Туристичка од влезот на Охрид кај клучката до бензинската пумпа на Макпетрол во Билјанини Извори, предвидуваат одредбите на конкурсот.

Право на учество на двата конкурса имаат домашни и странски правни лица регистрирани за вршење на дејноста-предмет на конкурсот и домашни и странски физички лица, дипломирани архитекти или студенти по архитектура. Секој од учесниците има право да учествува со по еден труд. Конкурсот завршува со избор на најдобро конкурсно идејно решение. Оценувањето на трудовите ќе ги врши жири комисија од 3 члена.

За најуспешните понуди предвидени се парични награди и тоа за решението за кружните текови сто илјади денари, а за тротоарите 120 илјади. Вторите награди ќе изнесуваат 40 односно 30 илјади денари соодветно, а третоизбраните понуди ќе добијат по 20 илјади денари. Наградените решенија ќе значат и откуп на авторските права и обештетување на авторите во целост.

Краен рок за доставување на конкурсните трудови е 26 декември.

Испрати коментар

Scroll To Top