Насловна / Вести / Кинезите го отворија својот најдолг подводен тунел

Кинезите го отворија својот најдолг подводен тунел

После четири години изградба, Кина го отвори својот досега најдолг подводен тунел, кој е дел од постоечки автопат. Станува збор за тунелот „Таиху“, долг 10.79 километри, кој се протега под езерото Таиху во кинеската провинција Џиангсу. Владините претставници соопштуваат дека изградбата на тунелот чинела 1,56 милијарди долари, а работите започнале на 9-ти јануари 2018 година. Во изградбата на двонасочниот тунел вградени се 2 милиони кубни метри бетон, а широчината на неговите шест ленти изнесува 17, 45 метри. Тунелот има ЛЕД осветлување, проектирано така да го спречува заморот на возачите.

taihu2

taihu3

 

Најдолгиот подводен тунел на светот се наоѓа во Норвешка, а станува збор за тунелот Ryfast долг 14,2 километри, кој ги поврзува Ставангер и Странд.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top