Насловна / Вести / Пораст на цената на ураниумот, поради немирите во Казахстан

Пораст на цената на ураниумот, поради немирите во Казахстан

Немирите во Казахстан, во кој се наоѓаат 40% од светските залихи на ураниум, ја подигнаа цената на светските пазари за речиси 8%, јавува Bloomberg. Претходно е објавено дека поради немирите во таа земја, акциите на казахстанската компанија „Казатопром“ која се занимава со експлоатација на природен ураниум, на Лондонската берза паднале за 8,8%. Во меѓувреме се огласила и оваа компанија, истакнувајќи дека работи нормално и дека ситуацијата не влијае на производството ниту на извозот на ураниумот. Но, и покрај фактот дека засега не постои недостаток на залихите на ураниум, играчите на пазарот поаѓаат од фактот дека за тоа постојат предуслови.

kazahstan1

kazahstan2

kazahstan3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top