Насловна / Вести / Кина ја пушти во работа најголемата реверзибилна хидроцентрала во светот

Кина ја пушти во работа најголемата реверзибилна хидроцентрала во светот

Првите две од вкупно планираните 12 агрегати, се ставени во погон во реверзибилната хидроцентрала северно од Пекинг. Хидроцентралата со која управува State Grid Corp. of China или SGCC, е на пат да стане најголема од овој вид на Планетата, кога ќе бидат исталирани сите 3600MW.  China Gezhouba Group започнала да ја гради оваа хидроцентрала во 2014 година за State Grid Corp. of China, доминантниот кинески државен оператор на мрежата и производител на електрична енергија.

pumped1

pumped2

Двете фази на проектот се работени истовремено, а вкупно има 12 реверзибилни агрегати со инсталирана моќност од по 300MW.  Оваа технологија овозможува и пумпање на водата во горната акумулација, и производство на електрична енергија според потребите. Во пумпниот режим на работа (обично ноќе) кога енергијата е поевтина, се обезбедува вода за горната акумулација. Доколку побарувачката порасне, се испушта водата од горната акумулација и се произведува електрична енергија.

pumped3

Во моментот, со нешто над 3000MW инсталирана моќност, реверзибилната хидроцентрала Bath Country, во Вирџинија, САД, сеуште е најголема на светот.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top