Насловна / Вести / Претставен првиот автохтон турски електричен автомобил Togg

Претставен првиот автохтон турски електричен автомобил Togg

Првиот турски автомобил Togg, беше изложен на најголемиот светски саем на потрошувачка електроника CES 2022, во Лас Вегас, САД, кој се одржи од 5ти до 7ми јануари.  Во соопштението на управата на Togg, се наведува дека концептот на првиот автохтон турски електричен автомобил е стартуван со цел да се креира глобален бренд чија интелектуална и индустриска сопственост 100% ќе и припаѓа на Турција, и ќе го сочинува јадрото на турскиот екосистем на мобилност.

togg1

 

Извршниот директор на Togg вели дека тие не се класична автомобилска компанија. „Ние се дефинираме како технолошка компанија. Затоа и сме присутни на CES, местото на средба на најновите технолошки достигнувања и иновации. Ние сме технолошка компанија која работи во областа на мобилноста, основана на географското подрачје каде се спојуваат Истокот и Западот. Во новиот свет, каде автомобилската индустрија забрзано се трансформира во екосистем на мобилноста, ние креираме решенија за мобилност ставајќи ги корисниците во фокусот на делувањето“, вели извршниот директор Каракас.

togg2

 

Од Togg претходно соопштиле дека пробното производство на автомобилот ќе започне во јули 2022 година. Компанијата има за цел да произведе електричен  C SUV во склоп на масовното производство на возила. По завршувањето на хомологациските тестови, првото SUV возило во C сегментот ќе биде лансирано на пазарот во првиот квартал на 2023 година. Прототипот на првиот турски автомобил е претставен на 27-ми декември 2019 година. Управата на Togg во октомври 2021 година објавила дека се извршени сите аеродинамички и аероакустични тестирања на автомобилот.

togg3

 

Испрати коментар

Scroll To Top