Насловна / Арт и дизајн / Кери Џејмс Маршал, еден од највлијателните уметници: Дела поврзани со движењето за црнечка уметност

Кери Џејмс Маршал, еден од највлијателните уметници: Дела поврзани со движењето за црнечка уметност

Кери Џејмс Маршал е роден 1955 во Бирмингем (Алабама), САД. Овој уметник е познат е по својот обемен опус, кој вклучува и цртежи и скулптури. Живее и работи во Чикаго и е еден од највлијателните уметници на денешницата. Неговата слика Past Times од 1997 година, акрилик и колаж на нерастегнато платно, продадена е во 2018 година за 2.1 милиони фунти, со што станува еден од најскапите афроамериканси уметници.

Во средно училиште почнал да црта фигури под менторство на соцреалистичкиот сликар Чарлс Вајт. Потоа се запишал на  Институтот за уметност Отис во Лос Анџелес, каде дипломирал во 1978 година, а каде подоцна, во 1999 година, му е доделен почесен докторат .

Без наслов

Предавал сликарство на Факултетот за уметност и дизајн на Универзитетот во Илиноис, Чикаго. Во 2017 година, Маршал бил вклучен на годишната листа на Тајм 100 на највлијателни луѓе во светот.

Во детството, во 1963 година од Бирмингем се сели со своето семејство во објект за јавно домување Nickerson Gardens во четвртта Watts во Лос Анџелес, само неколку години пред да започнат расните немири.

Past Times

Неговиот дом во Лос Анџелес бил во близина на седиштето на организацијата Black Panther Party, што му всадило чувство на општествена одговорност и директно влијаело врз неговата работа. Сите ликови во неговите дела се црнци, а црнилото на неговите фигури треба да биде недвосмислено и апсолутно, објаснил во една прилика. Низ своите дела говори за невидливоста на црнците и дава пример дека нема суперхерој со црна боја на кожата. Во центарот на неговото творештво е критичкото препознавање на условите на невидливост што долго време им се припишуваат на црните фигури во западната слиарска традиција и создавањето на она што тој го нарекува „контра-архива“ што ги враќа во оваа нарација.

School of Beauty, School of Culture

Детството на Маршал поминато во населбата Watts во Лос Анџелес, каде што се случувале движењата Black Power и Civil Rights, имало значајно влијание врз неговите слики.

Под силно влијание на неговите искуства од младоста, тој развива препознатлив стил во неговите рани години, како уметник кој вклучува употреба на екстремно темни, во суштина црни фигури. Овие слики ја претставуваат неговата перспектива за Афроамериканците, поточно за црнците со посебен и препознатлив внатрешен и надворешен изглед. Додека истовремено се соочуваат со расните стереотипи во современото американско општество. Оваа заедничка тема континуирано се појавува во неговата работа во текот на следните децении, особено во 1980-тите и 1990-тите и сè уште се појавува во неговите најнови дела.

Great America

Маршал е познат по големи слики, скулптури и други предмети кои се занимаваат со животот и историјата на Афроамериканците. Во интервју од 1998 година за списанието „Бомб“, Маршал забележал: „Црнците зафаќаат простор, дури и обични простори, на најфасцинантни начини. Стилот е толку составен дел од она што го прават црнците, што само одењето не е едноставна работа. Мора да одите со стил. Мора да зборувате со одреден ритам; мора да ги правите работите со одреден шмек. И затоа во сликите се обидувам да ја спроведам истата таа тенденција кон театралното, што се чини дека е составен дел од црнечката култура на телото.“

Nude (Spotlight)

Поголемиот дел од сликарството на Маршал се занимаваат со алегорија и симболика. Поголемиот дел од темите на неговите дела се однесува на беззаконието на колонијалните режими. Маршал е најпознат по своите богато дизајнирани големи акрилни слики на нерастегнато платно. Неговите дела комбинираат грубо извајан реализам со елементи на колаж, сигнализација, со живи и многу шарени опкружувања. Неговите слики често сугерираат популистички транспаренти. Гледачите честопати ќе видат украсени текстови и фигури кои гледаат директно во нив. Некои од неговите дела често се недоволно застапената црна средна класа, а многу од нив користат сликовни стратегии. Неговите уметнички дела се тесно поврзани со движењето за црнечка уметност.

Bang

Маршал реализира самостојни изложби во музеи и галерии во Соединетите Американски Држави и на меѓународно ниво. Неговите самостојни изложби ги вклучуваат: Kerry James Marshall, Telling Stories: Selected Paintings (1994.-1995.) во Музејот на современа уметност Кливленд, Kerry James Marshall: Mementos (1998.-2000.), Renaissance Society во Чикаго; Along the Way (2005.-2006.), Camden Arts Centreu во Лондон; Kerry James Marshall: In the Tower (2013.), Национална галерија на уметност, Вашингтон; Kerry James Marshall: Mastry (2016.-2017.), Музејот на современа уметност, Чикаго.

Our Town

Неговата работа исто така е изложувана и на бројни групни изложби, вклучувајќи ги „Documenta X“ (1997); 50. Венециско биенале (2003); „Documenta 12“ (2007) и „Afrocatlantic Histories“ (2022).

De Style

Во септември 2025 година, Кралската академија на уметностите во Лондон ќе ја претстави изложбата „Kerry James Marshall: The Histories“, најголемиот преглед на делото на уметникот во Обединетото Кралство досега. Изложбата ќе патува во Kunsthaus Цирих и Музејот на модерна уметност во Париз во периодот 2026–2027 година.

Без наслов

Portrait of a Curator (In Memory of Beryl Wright)

Black Star 2

Испрати коментар

Scroll To Top