Насловна / Ентериери / Канцеларии на EXPEDIA во Сан Франциско

Канцеларии на EXPEDIA во Сан Франциско

Expedia_Offices (5)
Задоволувајќи ја желбата на своите клиенти, формирање на работен простор со „груба“ и природна атмосфера, студиото Rapt го организирале ентериерот низ различни зони базирани на темата патување. Именувајќи ги овие сегменти според различни населби од градот, во внатрешноста преовладува присуството, како и конекцијата со Сан Франциско.

Expedia_Offices (6) Expedia_Offices (7) Expedia_Offices (2)
Едно од примарните солуции при дизајнот ја инволвира дуалноста на работниот простор како дом и обратно, домот како работен простор. Дел од процесот на вселување во новите канцелариски простори ја подразбира и задачата секој вработен да придонесе со сопствен сувенир кој би ги симболизирал засебните населби од градот, создавајќи колекција на индивидуални доживувања и патувања. Како дел од новото ентериерно уредување, овие предмети креирааат мемориска вредност, интегрирајќи нова, несекојдневна култура на работа и активност во просторот.
Expedia_Offices (1) Expedia_Offices (4) Expedia_Offices (3)

Испрати коментар

Scroll To Top