Насловна / Вести / Канаѓаните сакаат да градат ново хипербрзо возило со неверојатни 1000km/h

Канаѓаните сакаат да градат ново хипербрзо возило со неверојатни 1000km/h

Канадската компанија TransPod ги откри своите планови за ново електрично возило во вид на воз кој би сообраќал со брзина од 1000 km/h, а за кој билетот би чинел помалку од авионска карта.  Оваа компанија во Торонто го претстави своето возило FluxJet, кое би било некој вид хибрид помеѓу воз и авион и ги демонстрираше неговите способности.

транспод1

Возилото се темели на истите принципи како hyperloop концептот кој е осмислен од страна на Илон Маск. FluxJet ќе сообраќа со голема брзина во заштитена цевка со помош на револуционерна технологија која се базира на принципот veillance flux, при што капсулите благодарение на магнетните полиња левитираат во вакуумските цевки што им овозможува движење со огромна брзина. Идејата е возилото да сообраќа само низ мрежа на цевки наречена TransPod Line, со станици во сите поголеми градови и на клучни локации.

транспод2

транспод3

Првата фаза од овој огромен инфраструктурен проект вреден 18 милијарди долари ќе ги поврзува канадските градови Калгари и Едмонтон, оддалечени околу 300 километри, што е растојание за кое сега треба да се патува околу 3 часа. FluxJet ќе ја совладува оваа оддалеченост за 45 минути. Претходно оваа година TransPod објави дека се обезбедени 550 милиони долари за овој потфат. Проектот е моментално во фаза на истражување и развој, а компанијата е фокусирана на студијата за влијание врз животната средина и купување на земјиште. Во првата фаза е планирано и поврзување на аеродромот со Едмонтон.

 

Испрати коментар

Scroll To Top