Насловна / Вести / Камен темелник на музејскиот простор посветен на француските војници во Битола

Камен темелник на музејскиот простор посветен на француските војници во Битола

francuzi 1

Државниот секретар за поранешни борци и историски настани, при Министерството за Одбрана на Република Франција Жан-Марк Тодешини, градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески, министерот за Одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски, француската амбасадорка во Македонија Лоренс Оер, почесниот конзул на Франција Калиопа Кривашија-Стоиловиќ и други почесни конзули и конзули во Република Македонија, вчера на француските воени гробишта во Битола, по повод стогодишнината од Првата Светска Војна, им оддадоа почит на загинатите француски војници и поставија камен темелник на музејскиот простор посветен на француските војници од Источниот Фронт.

Подоцна во НУ  Завод и музеј Битола, државниот секретар Тодешини ја отвори изложбата на фотографии на браќата Манаки, и ја одликува со медал на Легијата на честа Калиопа Кривашија – Стилиновиќ.

Испрати коментар

Scroll To Top