Насловна / Вести / Калифорнија ќе ја забрани продажбата на козметички производи кои се тестирани врз животни

Калифорнија ќе ја забрани продажбата на козметички производи кои се тестирани врз животни

Калифорнија донела одлука со која од 2020 година ќе ја забрани продажбата на козметика тестирана врз животни. Сенаторот од Калифорнија го поддржал донесувањето на овој документ и го испратил до гувернерот на оваа сојузна држава Jerry Brown, кој треба да го потврди. Со оглед дека гувернерот Brown е голем борец за заштита на животните, се верува дека законот ќе биде одобрен. Според овој закон од 1ви јануари 2020 на територијата на Калифорнија ќе биде забранета продажбата на било кој козметички производ тестиран врз жоивотни. Се разбира, ваквиот предлог наиде на широка поддршка кај козметичките брендови кои своите производи не ги тестираат врз животни.
Земјите членки на Европската Унија беа првите кои го забранија тестирањето врз животни. Калифорнија е прва држава во САД која се одлучува на ваков чекор.
cosmetics1
cosmetics2
cosmetics3

Испрати коментар

Scroll To Top