Насловна / Вести / „Форд“ повлекува од пазарот 2 милиони пикап возила, поради ризик од пожар

„Форд“ повлекува од пазарот 2 милиони пикап возила, поради ризик од пожар

Компанијата за производство на автомобили „Форд“ повлекува од сообраќај 2 милиони свои пикап возила, бидејќи оценето е дека постои ризик од појава на пожар. Станува збор за моделот F-150. Компанијата се одлучила на ваков чекор, откако биле пријавени неколку случаи на пожар, додека истрагата спроведена од страна на National Highway Traffic Safety Administration резултирала со вкупно 23 инциденти каде сопствениците на F-150 pickup пријавиле „чад или оган“. За среќа во ниту еден од случаите нема ниту жртви ниту повредени.  Повлекувањето на возила се однесува на  верзиите на Ford F-150 pickup, произведени во периодот од 12ти март 2014 до 23ти август 2018 во Мичиген, и оние произведени од 20ти август 2014 до 23ти август 2018 во Канзас Сити.  Станува збор за вкупно 1,6 милиони возила од САД, како и 340.000 од Канада и 37.000 од Мексико. Ризикот з апојава на пожар е причинет од еден од елементите на сигурносниот појас кој може да предизвика искрење.  Оваа операција на отстранување на дефектот, ќе ја чини американската компанија 140 милиони УСД.

ford4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top