Насловна / Вести / Стручна презентација на Адинг производи, системи и искуства

Стручна презентација на Адинг производи, системи и искуства

Во конгресниот центар на Скопски саем, неодамна беше одржана презентација од страна на инженерите на Адинг, на која со примери и искуства од неколку проекти, биле презентирани решенија во комбинација со производите што ги застапува Бизнис Центар Адинг.адинг

На настанот биле обработени следните теми:

- Адинг адитиви за бетони, производи за заштита и технологиите за изведба на инфраструктурни објекти;

- Затворање на активни продори на вода низ армирано-бетонски конструкции преку примерот за тунел „Будош“ во Црна Гора;

- Системот за обезбедување на водонепропустливост на подземни делови на објекти со водонепропустлив бетон, обезбедување на споеви на бетонирање и методологија на вградување на бетон.

адинг1

Исто така, биле разработени и системи за хидроизолација на бањи, балкони и рамни кровови, како и можностите за изработка на „зелен кров“.адинг2

За сите дополнителни информации на овие теми, совети и консултации, во секое време можете да го контактирате инженерскиот тим на телефон 02/2034-840.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top