Насловна / Вести / Какви се навиките за штедење на енергија во Вашето домаќинство?

Какви се навиките за штедење на енергија во Вашето домаќинство?

Центарот за климатски промени спроведува истражување со цел утврдување на навиките на жителите на Град Скопје во врска со заштедата на  енергија во домаќинствата и примената на мерки за подобрување на енергетската ефикасност. Активноста се спроведува во склоп на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“, финансиран од Шведска, а имплементиран од страна на UNDP во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје.  Целта е да се влијае на промена на однесувањето на граѓаните, а проектот овозможува и мерење на потрошувачката на електрична енергија кај домаќинствата кои ќе се согласат на тоа. На тој начин ќе имаат можност да ги идентификуваат апаратите кои се најголеми потрошувачи во нивниот дом, но и да направат промени кои ќе им донесат енергетски и финансиски заштеди преку примена на мерки за енергетска ефикасност и промена на однесувањето. Енергетските заштеди кај домаќинствата добиваат на значење особено во актуелниов период имајќи го во предвид воведувањето на блок тарифите. Анкетата може да ја најдете на следниот ЛИНК.

CKP

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top