Насловна / Хортикултура / Кактуси во Македонија

Кактуси во Македонија

19080-cactus-garden-1920x1200-nature-wallpaper

Кактусите се растенија кои припаѓаат на фамилијата Cactaceaе, која ја претставуваат повеќе од 1.600 видови. Природниот ареал им се простира на Северна, Средна и Јужна Америка, поточно во пустинските предели.

Echinocereus-grusonii-golden-barrel-cactus-garden-Huntington-Bot-Gard-2010-08-04-IMG_6365-big

Кактусите се главно бодликави сукулентни растенија, кои одлично вегетираат во сушни месторастења. Поимот сукулент ги претставува сите видови растенија кои имаат сочно и месесто ткиво, кое има способност да задржи поголема количина на влага за нормален развој на растението во сушните периоди. Кактусите најчесто имаат дебело стебло кое содржи хлорофил, додека листовите се модифицирани во трње. Корењата им се плитки и широко разгранети со цел да можат полесно да ја апсорбираат површинската вода. Цветовите најчесто им растат поединечно, а се карактеризираат со многу живописни бои. cacti collection-palmero-2

Поради својата атрактивност и малите потреби во поглед на одгледување, многу често се користат како собни растенија. Може да се размножуваат вегетативно и генеративно.
Најголемите кактуси се среќаваат во пустинските предели на границата помеѓу САД и Мексико. Станува збор за Сагуаро, кактуси кои се од видот Carnegiea gigantea. Тие имаат релативно долг век на живот. Имаат право стебло, во форма на ракета, а по 75-тата година од животот може да почнат да формираат странични „раце“. Некои единки од овој вид може да живеат и по 150 години, и да достигнат до 15 метри во височина. Најголемиот виден Сагуаро кактус е Шампионскиот Сагуаро, кој вегетира во Аризона и е со вртоглави 13,1 метри во височина и дијаметар на стеблото од 3,1 метар.MINOLTA DIGITAL CAMERA

Кактуси и во Македонија

Иако звучи неверојатно, и во Македонија може да се сретнат предели обраснати со кактуси. Најпозната е Долината на кактусите што се наоѓа во село Клисура, во близина на Демир Капија каде кактусите во подолг период од годината пленат со своите жолтеникави цветови. Според биолозите, џуџестиот кактус кој го населил тој предел успеал да се приспособи на конкретните услови на месторастење, благодарение на влијанието на медитеранската клима од Белото Море.

green cactus w pink

Се претпоставува дека птиците од југ го имаат пренесено семето. Со оглед на тоа што станува збор за многу спорорастечки вид, а во овој крај го има во изобилие, тоа дава индикации дека првите единки кои се појавиле, таму се присутни уште пред повеќе од десетина години.0cba77182f6358e33b292084d2d93b5f
Освен во селото Клисура, површини населени од кактуси може да се сретнат и во пробиштипското село Барбарево, како и во околината на Велес, поточно кај манастирот Св. Димитрија. Според многумина, кактусот во овој дел од Македонија е автохтоно растение.fishook-barrel-cactus _origin_Kaktusi-6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top