Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Создадени првите бели соларни панели

Создадени првите бели соларни панели

4af8a17c-1725-4cb0-8b74-93b41ce2a3afСо цел изработка на соларни панели кои се естетски невидливи, швајцарската приватна, непрофитна технолошка компанија CSEM го разви првиот бел соларен модул дизајниран така што се вклопува во сaмата фасада на зградата. Начинот на кој компанијата ова го остварува е преку пластичен слој кој се поставува над панелот. Овој слој ја рефлектира видливата светлина, но ги пропушта инфрацрвените зраци, со што се овозможува производството на електрична енергија. csem-white-pv-02-webКомпанијата CSEM тврди дека овој слој функционира со која било кристално силициумска ќелија и дека може да биде применет на кој било постоечки панел. Технологијата би имала примена не само во архитектурата туку и кај стоките за широка потрошувачка, како на пример лап топ компјутерите, телефоните и возилата, бидејќи слојот може да биде приспособен на низа други бои.

Испрати коментар

Scroll To Top