Насловна / Вести / Како да се декарбонизира тешкиот товарен сообраќај?

Како да се декарбонизира тешкиот товарен сообраќај?

Камионите на надземна контактна електромрежа и батериските камиони, најбрзо им парираат на фосилните горива. Но, полначи за електрични камиони во ЕУ не постојат, па затоа Европското здружение на производители на автомобили (ACEA) и здружението Transport&Environment упатиле повик до Европската комисија да се поттикне поставувањето на 11.000 полначи за електрични камиони во целата ЕУ до 2025 година, односно 42.000 до 2030 година. Покрај електричните полначи, во своето писмо тие повикуваат и на поставување околу 300 полначи за водород за тешки возила до 2025 година, односно 1.000 најдоцна до 2030 година. Здружението T&E направило студија за перспективите за декарбонизација на тешкиот товарен сообраќај. За да може воопшто да се зборува за декарбонизација, тешките возила мора да се напојуваат со енергија од обновливи извори, директно или индиректно. Со цел да се обезбеди фер споредба, сите расположиви технологии се споредувани на база на условите за напојување со енергија од обновливи извори. Притоа испитувани се пет технологии на вакви возила: електрични возила на батерии (BEV), електрични возила на батерии кои ја користат инфраструктурата на надземнити контактни електромрежи (OC-BEV), електрични возила на горивни ќелии со погон на водород и дизелски возила на течни  е-горива (ICEVs_PtL) како и возила на гасовити e-горива (ICEVs_PtM).

heavy1

heavy2

Студијата носи заклучок дека врз база на денешните претпоставки, очекуваниот развој на пазарот и прогнозираното намалување на трошоците на технологијата, акумулаторските електрични камиони за големи растојанија и оние кои ја користат инфраструктурата на надземни контактни електромрежи, веројатно ќе биде најисплатливиот пат за замена на поголем дел од денешниот возен парк на дизел, односно постигнување на нулта емисија на стакленички гасови во патниот товарен сообраќај до 2050 година. Електричните камиони денес се најмалку двојно поефикасни од обновливиот водород и од прилика три пати поефикасни од моторите со внатрешно согорување кои работат на синтетички е-горива.

heavy3

Испрати коментар

Scroll To Top