Насловна / Ентериери / Кафуле во кое се плаќа времето

Кафуле во кое се плаќа времето

kafule vo koe se plaka vremeto_5Во Лондон почна да работи првото кафуле каде што сè е бесплатно, освен времето што гостите го поминуваат таму, а една минута чини три пени …
Се работи всушност за рускиот синџир на кафулиња Ziferblat, кој сега го доби својот прв објект и во Велика Британија.
Името на кафулето е комбинација на руски и германски јазик, и означува бројчаник од часовник.

kafule vo koe se plaka vremeto_6 kafule vo koe se plaka vremeto_4
Идејата е гостите на кафулето да земат будилник од плакар кога тие влегуваат и го подесуваат времето кога дошле или кога сакаат да си заминат, а алармот се огласува по истекот на времето.
Не постои минимално време кое гостите можат да го поминуваат во кафулето. Гостите имаат на располагање кафе, разни пијалаци, бисквити, овошје, зеленчук, сурфање на Интернет, па дури и тоа да можат во кујната да си подготвуваат храна за себе.
Гостите можат и да свират на пијано, известува „Гардијан“, а еден час во кафулето со сето она што го нуди чини фунта и 80 пени.
Сопственикот на Ziferblat Иван Митин отворил 10 кафулиња во Русија во изминатите две години и сега сака во останатиот дел од светот да ја примени својата идеја.

kafule vo koe se plaka vremeto_3 kafule vo koe se plaka vremeto_1
„Луѓето во Лондон се многу повеќе подготвени за овој концепт и веднаш го сфатиле“, изјави Митин, потсетувајќи дека во неговите кафулиња гостите може да се релаксираат и со миење садови.

kafule vo koe se plaka vremeto_2
Останува да се види дали оваа идеја ќе добие популарност, и дали е пожелно до вас да стои часовник додека пиете кафе и ве предупредува кога времето истекува, за некои тоа може да биде релаксирачко, а за други стрес.

Испрати коментар

Scroll To Top