Насловна / Ентериери / Кафе-бар De Wassarette | архитектонско студио Ninetynine

Кафе-бар De Wassarette | архитектонско студио Ninetynine

De Wasserette_Ninetynine_5
Наречен De Wassarette, што на холандски би значело „перална“, ентериерот за овој новоотрворен кафе-бар е сместен во дистриктот Pijp во Амстердам, во поранешен трговски простор кој порано опслужувал перална.
De Wasserette_Ninetynine_4
Желбата за постигнување на непретенциозен и приватен дизајнерски израз е реализирана со примената на дрвени летви, црн метал и бетонска подна облога, комбинирани со едноставни детали. Просторот е поделен на различни катчиња за седење, како ниско седење, високо седење и голема заедничка маса, поставена на аголот од внатрешноста.
De Wasserette_Ninetynine_1
Индустрискиот израз е постигнат со задржувањето на соголениот бетонски под кој се провлекува низ ентериерот, како и светлечките елементи кои се целосно суптилно и нежно инкорпорирани во контекстот, позиционирани на пониска точка со цел да се создаде специфично осветлување на внатрешноста и посебна атмосфера во просторот.
De Wasserette_Ninetynine_3

Испрати коментар

Scroll To Top