Насловна / Вести / Kаде исчезна Нокиа?

Kаде исчезна Нокиа?

Кога Гугл влезе на пазарот на паметни телефони во 2008 година, Самсунг, Хуавеи и Моторола веднаш го прифатија оперативниот систем Андроид. Нокиа, која своевремено контролираше 51 отсто од светскиот пазар на мобилни телефони, не беше подготвена да го прифати новиот оперативен систем. Менаџментот на Нокиa чекаше до 2011 година и донесе одлука да се потпре на Мајкрософт. Нокиа планираше да го користи оперативниот систем на Мајкрософт за мобилни телефони.

n3

Тоа беше фатална грешка. Андроид денес го користат 80 отсто од мобилните телефони на планетата. Виндоус системот повеќе не постои. Во 2014 година Нокиа се префрли на Андроид, но веќе беше доцна. Компанијата исчезна од пазарот каде што беше број еден. Денес компанијата главно живее од приход од патенти. Брендот сега е контролиран од ХМД глобал, основана од поранешни вработени во Нокиа. Тие пласираа нови модели на паметни телефони во 2017 година, но пазарот е веќе поделен. Практично, повеќето луѓе денес помислуваат на змија кога ќе се спомне името Нокиа. Игра со линија која наликува на змија, јаде и расте внатре во екранот.

n2

Примерот за тоа како компанија од врвот на светот падна на дното на пазарот и практично исчезна, инспирираше многумина да се зафатат со оваа тема. Речиси сите истражувања дошле до истиот заклучок.

n1

Нокиа успешно развивала хардвер, но не успеа во областа на софтверот. Веруваше на својот оперативен систем Симбијан. И изгубила време. Менаџментот е виновен за лошите одлуки. Највисоките директори на компанијата стравувале дека нема да ги исполнат кварталните цели. Извршните директори не сакале да се соочат со доказите дека Симбијан не нуди понатамошен развој и иднина. На крајот, се се сведе на страв од губење на поддршката од инвеститорите.

n4

Се разбира, директорите целата одговорност ја префрлиле на своите подредени, кои ги обвиниле за немањето визија и амбиција. Всушност, директорите немале потребното техничко знаење за да ја предвидат иднината на индустријата. И тоа било тоа.

Испрати коментар

Scroll To Top