Насловна / Вести / Каде градежните инженери заработуваат најмногу: Топ 20 земји

Каде градежните инженери заработуваат најмногу: Топ 20 земји

Во градежништвото, индустрија која доживува значителен раст, се очекува пазарот да достигне вредност од 13.700,9 милијарди американски долари до 2030. година, со импресивна годишна стапка на раст од 5,9% од 2023 до 2030 година. Растот се должи на зголемувањето на инфраструктурните и капиталните проекти ширум светот .

3

Градежниот сектор, кој сочинуваше повеќе од 27,7% од глобалниот приход на индустријата во 2022 година, продолжува да се шири благодарение на зголемувањето на побарувачката за различни градежни работи, како што се железнички конструкции, тунели и мостови, а сето тоа поради зголемената популација и се поголем сообраќаен метеж.

Важно е да се напомене дека има сериозно придвижување кон одржлива градба, употреба на еколошки производи и енергетски ефикасни решенија. Иновативните материјали кои носат вистинска револуција во градежништвото стануваат се попопуларни.

4

Со цел да се идентификуваат земјите кои најдобро ги плаќаат градежните инженери, Insider Monkey ги анализираше државите со најголема побарувачка за овие професионалци и направи листа од 20 земји со највисоки просечни плати за градежните инженери.

1. Швајцарија

Швајцарија се истакнува како земја со највисоки плати за градежни инженери, со просечна плата од 133.827 долари годишно. Ова е резултат на силната и робусна економија на Швајцарија, која ја покренуваат индустрии како што се финансиите, фармацијата и технологијата, што ја зголемува побарувачката за инфраструктурни проекти. Високиот животен стандард и релативно малата работна сила придонесуваат за повисоки плати, додека политичката стабилност и неутралност привлекуваат меѓународни таленти, зголемувајќи ја конкуренцијата меѓу квалификуваните професионалци.

2. САД

Во Соединетите Американски Држави, градежните инженери заработиле во просек 89.940 долари во 2022 година. Бројот на работни места во оваа област се очекува да се зголеми за 5% од 2022 до 2032 година, што ќе резултира со додавање на 16.200 нови позиции. За влез во оваа работа обично е потребна диплома без претходно работно искуство, додека лиценцирањето станува неопходно за работата во јавниот сектор.

1

3. Данска

Данска, со просечна плата од 98.995 долари годишно, привлекува градежни инженери благодарение на силната градежна индустрија и иновативните проекти. Проектите како појасот  Fehmarn Belt и проширувањето на метрото во Копенхаген придонесуваат за големата побарувачка за инженери. Универзитетите во Данска играат клучна улога во развојот на инженерскиот талент преку истражување и соработка со индустријата, па покрај добрата плата се нуди и можност за професионален развој.

4. Белгија

Просечната годишна плата во Белгија е 90.547 долари, а градежните инженери ги привлекува силната градежна индустрија, тековните инфраструктурни проекти и урбаниот развој. Присуството на бројни меѓународни организации и компании на кои им е потребна стручност во градежништвото за различни проекти дополнително ја зголемува побарувачката, а недостатокот на квалификувани професионалци дополнително ги зголемува платите, што го прави ова занимање привлечно.

Просечните плати во другите земји се: Австралија 87.475 долари, Германија 87.344 долари, Норвешка 86.449 долари, Австрија 85.405 долари, Холандија 85.058 долари, Исланд 82.276 долари, Обединети Арапски Емирати 81.716 долари, Канада 79.307, Финска, 78.721 долари, Велика Британија 74.775 долари, Нов Зеланд 74.710 долари,  Франција 74.078 долари, Италија 66.214 долари, Сингапур 64.353 долари и Шведска 64.187 долари.

2

Овие бројки укажуваат на глобалната побарувачка за градежни инженери и различноста на пазарот на труд во оваа област, со посебен акцент на земјите кои нудат највисоки плати.

Развојот на инфраструктурата, урбанизацијата и стремежот кон одржлив развој се клучните двигатели што го обликуваат овој динамичен пазар.

Испрати коментар

Scroll To Top