Насловна / Архитектура / Junya Ishigami: Луѓето се многу хистерични околу одржливоста

Junya Ishigami: Луѓето се многу хистерични околу одржливоста

Познат по низата проекти што ги поместуваат границите, јапонскиот архитект Junya Ishigami зборува за неговиот необичен пристап на проектирање објекти во интервју за Dezeen.

Надреалните дела на Ishigami често ги доведуваат во прашање основните идеи за тоа што е зграда – како што е неговата подземна куќа и ресторан покриен со кал во Убе.

Неговите други проекти вклучуваат огромен, кос плоштад покриен со кариран кров за Технолошкиот институт во Канагава и од неодамна, километарски центар за посетители во Кина, кој се чини дека морничаво излегува од езеро.

kk

Технолошкиот институт во Канагава 

„Мислам дека мораме многу нешта да измислуваме“

Одржувајќи го воведниот говор на конференцијата „In Focus: Radical Repair“ организирана од The World Around и Fondation Cartier минатиот месец, Ishigami вели дека неговиот траен фокус е „повторно да ја преиспита границата помеѓу пејзажот и архитектурата“.

Во разговор за Dezeen по настанот, Ishigami смета дека архитектите треба да бидат инвентивни и да ги надминат границите, особено кога светот станува се повеќе расцепен.

„Во 20. век, Корбизје или нешто – модерниот архитект – создаде едно решение“, вели. „Мислам дека во тој период сите веруваа во истата иднина. Но, денес секој човек верува во различна иднина и има различно размислување за добрите и лошите работи“, продолжува.

„Значи, можеби улогата на архитектот во оваа време не е да создаде едно решение, туку да создаде многу различни решенија. Па така, мислам дека тоа значи дека треба да измислуваме многу.“

3

Ishigami особено ја нагласува важноста на создавање архитектура „од неархитектонски работи“.

За неговите сопствени проекти, тоа значи дизајнот на структурата да се темели целосно околу локацијата на која – или во која – ќе стои.

„Во секој проект добиваме инспирација од состојбата или постоечката средина“, вели тој.

„За мене архитектурата не е создадена само од човекот, туку и архитектурата треба да биде еден од елементите на пејзажот“, продолжува. „Значи, самата архитектура не е важна, туку е важен  односот со околината“.

Многу архитекти би рекле дека нивните згради се базираат на околниот контекст, но Ishigami овој концепт го носи до крајности.

4

куќа и ресторан за готвачот Motonori Hirata 

Замаглување линии помеѓу архитектурата и пејзажот

На пример, во неодамна завршениот проект на центарот за посетители во Кина, кој сè уште не е официјално претставен, стаклените ѕидови на долги, тесни волумени дозволуваат езерската вода да тече внатре, правејќи ја структурата дел од самиот пејзаж.

Неговата куќа и ресторан за готвачот Motonori Hirata на сличен начин ја замаглува границата помеѓу внатре и надвор.

За да се создаде извонредна зграда, ископани се во земја низа прецизно испланирани дупки и излеан бетон. Структурата потоа е ископана како да е античка руина. По завршувањето, носи аура на праисториска пештера.

„Важна работа е тоа што се наоѓа помеѓу она што го направил човекот и природата“, вели Ishigami за проектот.

Таков неконвенционален проект изискувал неконвенционален процес на проектирање. На пример, застаклените ѕидови што ја затвараат зградата не се решени со цртежи.

Наместо тоа, откако бетонската конструкција е ископана, скенирана е за да се произведе 3Д дигитален модел, со стакло кое потоа е исечено со ласер за да се вклопат отворите помеѓу неправилните столбови и кровот.

И покрај тоа што проектира такви необични структури, Ishigami вели дека конвенционалните згради не ги смета за здодевни.

„Не многу“, вели: „Дури и да изгледа како нормална зграда, понекогаш мислам дека се многу посебни. Сакам да видам многу различни начини на размислување за архитектурата“.

„Значи, [со] историска зграда, или локална или народна зграда, постојат многу информации што не ги знам, така што тоа е многу инспиративно“.

2

куќа и ресторан за готвачот Motonori Hirata 

И додека ја препознава ексцентричноста на сопствената работа, не мисли дека само необичноста е доволна. „Не сакам да направам многу луда зграда“, вели: „Сакам да создадам добар баланс со околината“.

„Околината е инаку нормална, па е важно како чудната идеја можеме да ја прилагодиме на нормалните работи“.

Откако дипломирал во 2000 година, Ishigami поминал четири години во познатото јапонско архитектонско студио SANAA. Во 2006 година ја основал својата сопствена пракса, Junya Ishigami + Associates и брзо го привлече меѓународното внимание.

Неговиот проект на студио KAIT со стаклени ѕидови доведе до тоа Ishigami да стане најмладиот досегашен добитник на наградата на Архитектонскиот институт на Јапонија, а го освои Златниот лав за најдобар проект на Архитектонското биенале во Венеција во 2010 година, како и инаугуративната награда Обел во 2019 година.

Но, Ishigami исто така беше предмет и на негативна критика истата година поврзана со неговиот проект Serpentine Pavilion.

Голем спор избувна откако се дозна дека неговото студио огласувало неплатена пракса додека работел на престижната нарачка, а галеријата Serpentine подоцна побарала да се плати целиот персонал кој работел на проектот за павилјонот.

серп

Serpentine Pavilion

Луѓето се „многу хистерични околу одржливоста“

Четири години подоцна, тој сè уште се сепнува кога ќе се покрене темата и одбива да одговори на прашање за тоа што научил од тоа искуството.

„Многу е тешко да се даде одговор, бидејќи некој секогаш ќе критикува“, вели.

Работата на Ishigami отсекогаш им пркосела на трендовите – вклучително и сегашното поместување помеѓу другите истакнати јапонски архитекти како што се Shigeru Ban и Sou Fujimoto, кон усвојувањето поодржливи градежни материјали.

01

Water Garden

Тој  донекаде е таинствен кога го прашуваат за неговиот пристап кон намалувањето на јаглеродниот отпечаток на неговите проекти.

„Одржливоста е многу важна, но во исто време, мислам дека исто така и рамнотежата е важна“, вели и продолжува: „На пример, понекогаш во оваа ситуација со промена на климата, мислам дека многу луѓе се некако многу хистерични за одржливоста“.

„Ако сите мора да ја следат одржливоста, тоа не создава голема вредност… во тој случај мислам дека начинот ќе биде многу униформиран. Мислам дека тоа е многу ризично. Затоа, сметам дека треба да подготвиме многу насоки изработка на решенијата“.

Испрати коментар

Scroll To Top