Насловна / Вести / Јонско-јадранскиот гасовод како можно решение за диверзификација на снабдувањето со природен гас

Јонско-јадранскиот гасовод како можно решение за диверзификација на снабдувањето со природен гас

Вкупно 14 земји во сливот на Дунав, во заедничката декларација навеле дека ќе „ги интензивираат напорите“ во намалување на зависноста од енергенти од Русија, меѓу другото и преку изградбата на Јонско-јадранскиот гасовод. Минатата седмица во словачкиот град Кошице се одржа форум на подунавските земји во склоп на Стратегијата на Европската унија за регионот на Дунав. Министрите за надворешни работи одржаа состанок затворен за медиумите, на кој ги усогласиле своите политики во врска со увозот на гас од Русија, а декларацијата како законски обврзувачки текст е усвоена од страна на ЕУ членките Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Германија, Унгарија, Ромнаија, Словачка и Словенија, како и пет земји надвор од унијата – Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Молдавија и Украина.

ionian2

Во екот на енергеткстата криза и санкциите кон Русија, повторно заживуваат старите проектни идеи за енергетско поврзување, односно за изградба на нови гасоводи во Европа. Освен Јонско-јадранскиот гасовод, тука е и проектот за Источномедитеранскиот гасовод (MidCat) кој би се протегал од гасните полиња во Алжир преку Андалузија и Каталонија до југот на Франција и би завршил во Германија.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top